Таа има 49 години, IQ 152 и тука е да нè маѓепса! Кејт Бекинсејл уште еднаш покажа зошто ѝ нема рамна помеѓу славните

Кармин

05/07/2022

18:33

10.521

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка никого не остава рамнодушен од почетокот на кариерата, а сега се појави во едно од најубавите изданија откако ја познаваме.

Британската актерка Кејт Бекинсејл е една од оние жени кои не можат да не се забележат во било која прилика.


Убавицата која многумина ја нарекуваат најинтелигентна холивудска ѕвезда, бидејќи може да се пофали со коефициент на интелигенција и до 152, има завидна филмска кариера и не престанува да добива успешни улоги.

Таа се истакнува и во драма и во акција, живее неоптоварена со туѓи коментари и мислења и има со што да се гордее во својата кариера.


Така е и со нејзиниот изглед, кој без сомнение е еден од најголемите адути на Кејт и благодарение на кој таа го достигна врвот на многу листи за најубави жени на планетата.

Кејт Бекинсејл, која кон крајот на јуни го прослави 49-от роденден, внимателно го планира своето мени и е опседната со јогурт, благодарение на што денес изгледа децении помладо, а во секоја прилика во која ќе се појави, изгледа неверојатно.


Така било и на синоќешното доделување на Националните филмски награди во Лондон, каде Кејт била наградена за улога во акционата комедија „Jolt“.

Бекинсејл на свеченоста се појавила во уште едно елегантно издание во нејзиниот препознатлив стил – се работи за сребрена креација припиена до телото, која совршено ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за фустан кој ги нагласува рамената, има тесни и долги ракави, во макси должина е, а го краси длабокиот изрез во предниот дел.

Актерката својата комбинација на облека ја надополнила со необични металик сандали на потпетици и повторно се одлучила за едноставен, вечерен мејкап.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk