НБА кошаркарот ќе ја исполни желбата на неговите родители: Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин денеска ќе се венчаат во неговиот роден град Охрид

Кармин

01/07/2022

12:14

11.796

Големина на фонт

а а а

Чеди Осман, еден од најдобрите турски кошаркари и член на Кливленд Кавалирс, и неговата избраничка, познатата турска актерка Ебру Шахин, денеска ќе го кажат судбоносното „да“ во неговиот роден град - Охрид.

Парот ќе се венча на интимна церемонија на која ќе присуствуваат само најблиските пријатели и роднини, а венчавката токму во Охрид била желба на родителите на Осман, кој е роден во овој град, а подоцна со семејството се преселил во Турција.


Парот во изминатите неколку дена објавуваше фотографии на кои се гледа како шетаат и уживаат во убавините на Охрид.

Џеди и Ебру се заедно од летото 2020 година, а кошаркарот ја побара за жена во Кападокија по една година врска.

Турските медиуми пишуваат дека парот планира и голема свадбена веселба на плажа во Чешме каде што и се запознале.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk