Само под овие услови Џеј Ло прифатила да настапи на телевизија: Шокантни барања на латино дивата од почетокот на кариерата

Кармин

30/06/2022

16:38

10.027

Големина на фонт

а а а

Иако тврди дека на почетокот на кариерата ѝ било исклучително тешко да се бори со тогашните стандарди на убавина, се чини дека Џенифер Лопез уживала во посебни третмани и се однесувала како вистинска дива.

Австралиската пејачка, актерка и водителка Дени Миног (50) во едно неодамнешно интервју се присетила на момент од минатото, кога латино дивата Џенифер Лопез (52) имала посебни барања за да се појави во шоуто „Top of the Pops“ кон крајот на 90-тите.

Имено, Џеј Ло одбила да се појави во шоуто доколку нејзината соблекувална целосно не биде реконструирана. Барањата вклучувале целата соба да биде во бела боја, вклучувајќи го и мебелот.

Со оглед дека во 1999 година сепак се појави во популарно музичко шоу, може да се заклучи дека продуцентите и телевизиската куќа направиле сè што било побарано од нив, и целосно ја реновирале просторијата за пејачката и актерка.

„Постојано слушате разни приказни за поп дивата, но јас всушност можам да потврдам една. И јас бев во таа емисија и ми рекоа дека ќе настапи и Џенифер и дека е на пат кон студиото, но на крајот ги кажа своите барања. Тогаш ја искористив ситуацијата и отидов да видам како изгледала нејзината соба за уредување. Го погледнав секој детаљ. Единствено што не ми беше јасно е зошто бела боја. Сите изведувачи користат еден тон шминка за лице и тело, како седнуваат со тоа на бел кауч?“, открила Дени Миног, сестрата на австалиската пејачка Кајли Миног.


Инаку, Џенифер Лопез пред неколку недели го објави својот документарец на Нетфликс во кој ги открива деталите како се пробила на музичката и актерската сцена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk