„Ми кажаа да консумирам кокаин и често да имам сексуален однос“: Исповед на ангел од „Викторија Сикрет“ за мрачните страни на модната индустрија

Кармин

13/06/2022

11:27

22.482

Големина на фонт

а а а

Модната индустрија уништила многу животи на младите жени кои под притисок на идеализираните фигури на тело се соочиле и со нарушување во исхраната.

Се докажало дека и Брижит Малколм, една од врвните модели на „Викторија Сикрет“ „платила“ со своето здравје.

Никој повеќе не е изненаден од признанијата на новите модели кои откриваат мрачни страни од нивната индустрија. Со години се водела дебата за токсичната страна од манекенството која со децении ги поттикнувала жените да живеат во состав со незамисливи стандардни фигури.

Често тоа завршувало со анорексија, булимија, депресија, ПТСП и зависност. Тоа било случај и со Брижит Малколм.

Оваа 30-годишна манекенка денес ги открила деталите за злоупотребата која ја претрпела – психички и физички.

„Притисокот од индустријата и мојата агенција беше толку моќен што тогаш помислив дека би направила сè за да ослабам. Гладував по 3 дена, потоа јадев по 500 калории дневно и трчав над 6 километри дневно, а пиев и протеински напитоци, наместо да јадам зеленчук, а сега дигестивниот систем ми е хаос“, вели Брижит.

„Многу пати бев сексуално вознемирувана“, открива манекенката. Таа изјавила дека била сексуално злоупотребувана додека била малолетна. Агенциите прво сакале да ослабне, а ѝ било кажано дека треба да користи кокаин и да има многу сексуални односи.

Брижит исто така проговорила и за своите проблеми со алкохолот и дрогата.

„Не можев да ги запознаам луѓето без пијалак. Зедов Ксанакс за да ја преживеам вечерта. И тоа беше сè пред мојата 18-та година“, изјавила манекенката.

Таа признала и дека годините со трауматично искуство завршиле со пострауматичен стрес, анксиозност и депресија со нарушување во исхраната, анорексија и орторексија.

На 26 години имала нервен слом. Вели дека морала да се занимава и со „суицидни мисли, што било застрашувачки“.

Таа денес ја споделила својата приказна за другите да дознаат повеќе за оваа индустрија. И успеала да добие помош и да закрепне по години токсично опкружување.

„Денот кога одлучив дека без оглед на тоа што се случи, нема да гладувам, беше еден од најдобрите денови во мојот живот“, објаснила таа.

„Внимавам на своето тело да му го дадам она што е потребно. Трезна сум повеќе од две години. Закрепнувам од нарушување во исхраната четири години. Среќна сум“, вели манекенката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk