Беше најубавата жена на светот, а сега повеќе никој не може да ја гледа во очи: Фаталната русокоса која за краток период стана најомразената жена

Кармин

07/06/2022

23:32

26.399

Големина на фонт

а а а

Благодарение на судењето со поранешниот сопруг Џони Деп и фактот што судењето беше проследено со камери, а со самото тоа цел свет имаше можност да го следи, Амбер Херд стана една од најомразените жени во Холивуд.

Изминатите неколку седмици Амбер Херд беше позната како поранешна сопруга на Џони Деп и згодната Мера од „Аквамен“, а денес е предмет на навреди, понижувања и негативни коментари на социјалните мрежи кои достигнаа неверојатни размери.

Во текстот којшто беше објавен пред неколку дена во „NYT“, беше разработена темата омразата кон Амбер Херд, а во него имало и заклучоци дека огромната количина на омраза насочена кон неа во јавниот простор доаѓа поради многуте профили на ТикТок и Јутјуб кои се занимаваат со случајот Деп-Херд.


„Доколку го следите судењето на социјалните мрежи, малку е веројатно дека воопшто ќе наидете на нешто позитивно за Амбер Херд“, пренесува „NYT“.

На негативните коментари на сметка на Амбер Херд кои сега се бројат во милиони, влијаел и фактот што судењето се пренесуваше во живо на Јутјуб и дека сите корисници можеа да дебатираат за тоа што го видоа, а набљудувачите создадоа мислење за случајот иако никој од нив не можеше да влијае на исходот од судењето.

Дека Амбер во последните седмици собра милиони „хејтери“, сведочи и петицијата која беше започната за нејзината улога во „Аквамен 2“ да биде повлечена од филмот.


Дури 4.558.086 луѓе досега се потпишале на петицијата за улогата на Херд да биде повлечена од филмот, а екипата која ја започнала петицијата има цел да собере 6 милиони потписи.

Амбер Херд така од жена со најубаво лице на светот и активистка за правата на жените, за само неколку години стана една од најомразените жени во Холивуд, а доколку читате коментари на интернет и една од најомразените жени на светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk