Потресни фотографии од славната актерка го обиколија светот: Не може да се движи самостојно, а тврди дека нема проблеми со здравјето

Кармин

23/03/2022

21:53

15.142

Големина на фонт

а а а

Легендарната холивудска актерка Лајза Минели по долго време била видена во јавноста, и тоа пред ресторан во Западен Холивуд, во друштво на актерот Џорџ Хамилтон.

Најновите папарацо фотографии од актерката ги натажија луѓето ширум светот кои се загрижени поради нејзиното здравје.

76-годишната Лајза, најпозната по улогата во филмот „Cabaret“ од 1972 година, била забележана како си оди од ресторанот во инвалидска количка, додека непознат маж ја придржувал и ѝ помагал да влезе во автомобилот.


Покрај неа била и 82-годишната ѕвезда од серијата „Dinastia“ Џорџ, кој ја причекал актерката удобно да се смести во автомобилот пред да се поздрави со неа.

Лајза е родена на 12 март 1946 година како ќерка на актерката Џуси Гарланд и филмскиот режисер Винсент Минели, а на сцена првпат настапила на само три години.

„Моите родители беа мои родители. Не знаев дека морам да избегнувам прашања за мајка ми сè додека луѓето не почнаа да ме испрашуваат сешто за неа. Го прашав татко ми што да правам, а тој кажа: Биди што подобра од тоа што си“. Мајка ми се налути, таа беше таа која им се лутеше на луѓето затоа што ми поставуваа прашања за неа“, изјавила актерката во една прилика.


Лајза своевремено изјавила дека најтешкиот дел од шоубизнисот е да се биде славен, како самостојна личност, а не како ќерка, а за улогата во „Cabaret“ во која имала само 26 години таа освоила Оскар.

Во неколку наврати отворено зборувала за својата доживотна борба со злоупотребата на алкохол и супстанции, а во 2015 година поднела барање за помош на рехабилитација и наводно оттогаш таа е трезна. Во 2018 година се појавиле гласини дека Лајза се бори со здравствени проблеми, но нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Мајк Фајнштајн тоа го негирал во интервју за „The Hollywood Reporter“.


„Таа сега се чувствува многу добро и двајцата сме многу возбудени поради ова шоу затоа што тоа ќе биде првпат да работи нешто во кое се појавува во лежерно опкружување, пеејќи песни и поставувајќи ѝ прашања на публиката“, изјавил воочи шоуто за кое се подготвил.

Тој додал и дека кратките и ретки настапи на Лајза немаат толку врска со нејзиното здравје, туку повеќе со едноставната желба да се одмори од работа.

„Не дека тоа премногу ја исцрпува. Во таа работа е веќе 60 години и сега дојде момент кога всушност си зема време да се опушти и да ужива во својот живот“, објаснил тој.


Во 2021 година се појавиле нови гласини за нејзините здравствени проблеми, а колку тоа ѝ пречи нејзе покажала кога се огласила на социјалните мрежи:

„Еј, деца! Воочи мојата голема роденденска прослава со блиските пријатели, слушнав дека „National Enquirer“ (чиј тираж мора да биде намален) има намера да објави уште една апсурдна приказна за мене. Секогаш цитираат „анонимен пријател“ во било која приказна затоа што не можат да ја дознаат вистината. Ве молам, погледнете ги моите објави од неодамна на Инстаграм/Фејсбук и кажете ми, мислите ли дека сум во лоша состојба или дека не сум добро и изолирана од своите пријатели?“, напишала тогаш актерката.


Сепак, судејќи по најновите фотографии Лајза има поголеми тешкотии со самостојното движење, а нејзините обожаватели сега дополнително се загрижени и поради нејзиното бледо и исцрпено лице. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk