Која е првата дама на Украина? 100% е посветена на својот сопруг, но Зеленски никогаш од неа нема да побара совет: „Не сум имал проблем со девојки, но одеднаш - тврд орев“

Кармин

24/02/2022

14:50

12.594

Големина на фонт

а а а

Володимир и Олена Зеленски се родени во градот Криви Рих, на југот од Украина. Тие оделе во исто училиште, но не се познавале кога биле деца.

Многу години подоцна, еден сончев ден, Володимир со своите пријатели се враќал од театар. На улица сретнале две девојки тој ден, а Зеленски ја запознал својата идна сопруга, пренесува „Stopru“.

„Никогаш не сум имал проблем со девојките. И, одеднаш - тврд орев! Сакам да ја освојам, па чувствата преминаа во љубов“, раскажал Зеленски.


Олена студирала градежен факултет на Националниот Универзитет во Киев, додека пак Володимир студирал право на Економскиот институт во истиот град.

Таа, сепак никогаш не ја работела својата професија туку кариерата ја изградила врз основа на шоубизнисот и првенствено јавноста ја запознала како пишувач на сценарија во студиото „Квартал 95“ кое во почетокот на 2000-те години го основал Зеленски со своите колеги.

Олена и Володимир се во брак од 2003 година. Володимир осум години го чекал вистинскиот момент за да ја запроси, а сега тие имаат 18-годишна ќерка Александра која е актерка и 10-годишен син Кирил.


Олена Зеленска има 44 години и засега е најмладата прва дама на Украина. Од нејзините претходнички не ја разликуваат само годините туку и стилот на облекување.

Дизајнерот Андреј Тишченко кој работи кај Володимир Зеленски и ја познава Олена, изјавил дека Олена преферира „покласичен“ изглед за разлика на пример од Марија Порошенко, сопругата на Петар Порошенко.

„Лена сака сè да е 'резервирано', многу скромно, вкусно. Таа, секако повеќе сака класични парчиња отколку облека со некои национални симболи, како на пример Марина Порошенко. Сè е со вкус кај неа“, изјавил дизајнерот и додал дека Олена „цел живот се однесувала како вистинска дама“.


Олена Зеленска признала дека на почеток агресивно реагирала на вестите за кандидатура на својот сопруг за местото на претседател на Украина. Набрзо потоа одлучила да го поддржи својот сопруг и сè повеќе се појавува во неговиот штаб во кампањите и во јавноста.

„Отворено бев против овој проект од почетокот. Затоа што ова е тежок проект, не проект, туку нов правец во животот. Се обидов да го заштитам својот сопруг“, изјавила таа за украинска телевизија.


Во Украина, Олена ја сметаат за тивка и повлечена жена која не се меша во политиката. Таа е вистинска прва дама на Украина, а изјавила и дека нејзиниот сопруг не се консултира со неа за прашања на политиката, а единствениот совет кој му го дала е што помалку да комуницира со медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk