(Видео) „Зошто се предаде? Објасни ми, зошто?“: Првиот човек на МОК не може да се смири по фијаското на руското чудо од дете: „Морничаво мачење...“

Кармин

18/02/2022

21:46

46.384

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, изјавил дека е „многу вознемирен“ поради тоа што го гледал натпреварот на дами во уметничко лизгање.

Русинката Ана Шербакова освоила златен медал во уметничко лизгање во поединечна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг, додека пак најголемиот фаворит Камила Валиева натпреварот го заврши како четврта.

Валиева беше фаворит по кратката програма, но големиот притисок и сè што ѝ се случи околу аферата со нејзиниот допинг случај, остави трага на ова 15-годишно девојче во текот на слободната програма каде направи неколку грешки и на крај остана без медал.


Претседателот на МОК, Томас Бах, не остана имун на дебаклот на руската сензација, па на конференцијата за медиумите во Пекинг изјави дека натпреварувањето го гледал на телевизија.

„Многу сум вознемирен. Видов под како притисок настапуваше, особено затоа што има само 15 години. Гледав како се мачи на мразот, се обидуваше да се прибере и да стигне до крајот. Можеше да се види тоа по говорот на тело, дека е под голем притисок и стрес и дека повеќе сака да ја напушти салата и да остави сè зад себе“, изјавил Бах, а потоа го свртел вниманието на еден детаљ кој малкумина го забележале.

„Кога видов како ја дочека нејзината придружба (тренерот и кореографот), со какво студенило, беше тоа морничаво за гледање. Наместо да се обидат да ѝ помогнат, се однесуваа ладно и дистанцирано. А, доколку го толкувате говорот на телата, тогаш се станува уште полошо. Сето ова не ми влева ниту малку доверба во придружбата на Камила“, загрижен е Бах кој посакал младата Русинка да имала поддршка во тој момент од пријателите и семејството и луѓето кои ќе ѝ помогнат во таа тешка ситуација.

Како што пренесува „InsideTheGame“, претседателот на МОК во вие изјави пред сè мислел на Етери Турбериџе, жената која се грижи за кариерата на 15-годишната Камила и која се соочува со голем број критики поради нехуманата метода на работа со девојчињата.


„Зошто се предаде?“, било првото нешто што Турбериџе ѝ го кажала на Камила по завршувањето на настапот.

„Објасни ми зошто? Се предаде, зошто не се бореше? Зошто?“, наводно ѝ кажала Турбериџе, пренесува „Eurosport“.

Бах ја забележал и реакцијата на другата руска натпреварувачка, Александра Трусова која на ЗОИ го освои сребрениот медал.


„Никогаш повеќе нема ниту да излезам на мразот. Никогаш. Го мразам ова! Невозможно! Не може ова да ми го направат на ваков начин. Не сакам да одам на доделување на медалите. Секој има злато, освен јас. Ги мразам сите“, рекла огорчената Александра, пренесува „Eurosport“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk