Сведоштво на актерката кое ја потресе јавноста: 10 години била во љубовна врска со татка си, на 11 години почнала да консумира наркотици...

Кармин

31/01/2022

19:17

14.820

Големина на фонт

а а а

Не е реткост дека гостите во емисијата на Опра Винфри ги откривале своите најдлабоки и најпотресни тајни.

Сепак, тешко дека некоја нова приказна ќе го надмине интервјуто со некогашната детска ѕвезда Мекензи Филипс која во исповед открила работи од кои многумина се згрозиле.

Имено, Лаура Мекензи Филипс, се прославила во остварувања на Дизни, а станала препознатлива по филмот „American Graffiti“, а потоа и во „One Day at a Time“.


Меѓутоа, оваа млада актерка не завршила во холивудските кругови туку-така. Нејзиниот татко бил популарниот „Папа Џон“, музичар во еден од најпопуларните бендови на тоа време – „Mamas and Papas“.

Меѓутоа, славниот Џон Филипс можеби во медиумите се прикажувал како добар рокер, но вистината била различна.

Мекензи во исповед кај Опра признала дека токму со родениот татко била 10 години во инцестуозна врска, а нејзиното признание ги шокирало и членовите на нејзиното семејство, но и целиот свет.

Нејзиниот татко починал 8 години пред нејзината исповед која најмногу ги потресла нејзините полусестри Чајн и Биж, како и вдовицата на Филипс и поранешните сопруги.

Денес, оваа 62-годишна жена жали што на семејството тоа им го открила на таков начин.

„Еднаш кога нашата тајна се појави во јавноста, сè излезе од контрола. Но, единствено што всушност би го променила е начинот на кој моето семејство го дозна тоа. Требаше подобро да ги подготвам за тоа дека сè јавно ќе објавам“, изјавила актерката и пејачка.

Во својата биографија, Мекензи го опишала турбулентното детство, младоста и односот со својот татко кој ѝ понудил кокаин кога имала само 11 години. Според нејзините зборови, тие со години заедно се дрогирале, а во сексуална врска биле цели 10 години – од нејзината 19-та година.

Врската ја прекинале откако таа забременила, а не била сигурна кој е таткото на нејзиното дете. „Татко Џон“ тогаш ѝ платил и абортус.

Дури и подоцна, Мекензи признала дека долго се мачела со зависноста од наркотиците, а во еден момент била уапсена поради тоа што шверцувала хероин.

Сепак, лошите денови конечно се зад неа, а некогашната детска ѕвезда сега живее далеку од Холивуд, како работник во Центар за рехабилитација.

Се мажела три пати, а од првиот брак го добила синот Шејн Баракан кој исто така се занимава со музика, а Мекензи му е најголемата поддршка во тоа што го прави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk