Мадона (63) ѝ завртела грб на камерата и го покажала задникот: „Докторите ова не го направиле баш како што треба“

Кармин

28/01/2022

21:49

14.451

Големина на фонт

а а а

Мадона одлучила на Инстаграм да сподели нови фотографии. Пејачката на нив е во многу провокативно издание.

Облечена во мрежести црни чорапи и црна провокативна долна облека, Мадона на објективот му го завртела грбот и го покажала задникот - односно целата работа на естетскиот хирург.

Иако сите знаеме дека Мадона го променила изгледот со естетска хирургија, особено после разводот со Гај Рич, сега може и да се увериме во тоа.

Лице кое сè повеќе не наликува на неа, и задник како - топка! Барем така велат нејзините невоодушевени фанови во коментари.

Што се случува со истенчениот вкус на кралицата на поп музиката?

Во колажот има и фотографии на кои Мадона е клекната, ползи по автомобил, ја покажува својата 'секси' страна...

Пејачката на себе имала капут на кој пишува: „Боже, чувај ја кралицата“, а во раце држи нешто како златен крст.

Обожавателите веќе одамна кренале раце од Мадона, која последните години кариерата ја гради на скандали, а малку на песни. Изгледа единственото нешто што ја интересира е да изгледа младолико и добро да се забавува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk