Исповед на пливачката којa го остави регионот без зборови: „Татко ми ме злоставуваше – физички, ментално и сексуално!“

Кармин

03/01/2022

15:12

15.293

Големина на фонт

а а а

Двократната олимписка натпреварувачка во пливање, Унгарката Лилијана Силаџи (25), ја шокирала земјата, но и целиот регион, со исповедта за монструозната злоупотреба од страна на својот татко.

Унгарската јавност во саботата ја дознала шокантната вистина која Силаџи ја објавила на својот Инстаграм профил.

Објавата ви ја пренесуваме во целот:

„Злоупотребувана сум. По 25 години подготвена сум да ги изговорам најтешките зборови кои некогаш сум ги изговорила. После толку болка и верба, се исправив, и колку и да знам дека таа тема предизвикува екстремни поделби, ќе зборувам за тоа затоа што е неопходно“, започнала Лилијана во својата исповед на социјалната мрежа Инстаграм.

Во наредниот пасус таа открила дека идентитетот на злоставувачот е нејзиниот татко:

„Имено, од човекот од кој требаше да добијам најголема љубов и прифаќање. Мојот татко (ме злоупотребуваше). Физички. Ментално. Сексуално. Уште од малечка. Непрекинато и непредвидливо, само за да ужива во својата моќ над мене.

Без оглед на тоа дали станува збор за телесно казнување, заплашување, лишење од љубов и внимание или сексуална злоупотреба“, напишала Лилијана.

Золтан Силаџи (54), нејзиниот татко, исто така бил пливач, поранешен олимпиец кој ја претставувал Унгарија дури три пати на Олимписките игри. Денес е адвокат.

Од 2016 година злото престанало. Таа и мајка ѝ си заминале од Золтан.

„Ова е цела моја борба сега, закрепнуваме и мајка ми и јас, една покрај друга и се поддржуваме во сè“, додала таа на крај.

Во меѓувреме се огласил и Золтан, на унгарските медиуми им испратил отворено писмо упатено до Лилијана, во кое вели дека не сака да се брани преку медиумите, додавајќи дека очекува дека сè ќе се расветли во кривична постапка. Вели и дека финансиски повеќе не ја поддржува Лилијана ниту нејзината мајка и бара од ќерка си повеќе да не го користи неговото презиме туку презимето на својата мајка.

По шокантното признание на Лилијана се огласил и Пливачкиот сојуз на Унгарија, а претседателот на таа организација, Шандор Владар, најавил започнување на истрага и утврдување на фактите од објавите на пливачката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk