Барбадос ја прогласи Ријана за хероина: Пејачката се појавила во интересен фустан без градник, ниту принцот Чарлс не можел да ѝ одолее

Кармин

30/11/2021

16:00

8.957

Големина на фонт

а а а

Ријана (33) се појавила на свечената церемонија на која Барбадос беше прогласена за република, со што официјално е завршено владеењето на кралицата Елизабета Втора во таа држава.

На свечената церемонија присуствувал и принцот Чарлс, кога било отстрането британското знаме, а Сандра Мејсон положила заклетва како прва претседателка на Барбадос.


За таа прилика Ријана го добила едно од најголемите признанија во земјата, имено прогласена била за хероина на нацијата, а Сандра Мејсон изјавила:

„Продолжи да сјаеш како дијамант“.

Пејачката за оваа свечена прилика облекла портокалов фустан од лесен материјал под кој не носела градник.


Веќе неколку години пејачката се залага за природниот изглед, па очигледно дека ниту свечена церемонија каква што била оваа, нема да ја натера да носи градник.

Ниту принцот Чарлс не останал имун на Ријана, па фотографот го „уловил“ како неколку пати гледа во нејзините гради.

Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на Ријана?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk