Речиси две години после раскинувањето - на тагувањето му дошло крај! Познатиот актер уловен во страстен занес со актерката

Кармин

25/11/2021

16:27

8.892

Големина на фонт

а а а

Пред една година јавноста дозна дека еден од омилените холивудски парови се разделил уште на почетокот на 2020-та година, а додека неговата поранешна брзо се впуштила во нова врска, комичарот и актер долго бил сам.

Актерот Џејсон Судејкис (46), ѕвездата на серијата „Ted Lasso“, е 'уловен' во Мексико како разменува нежности со актерката Кили Хејзел (35).

Парот веќе со месеци ги демантира гласините дека помеѓу нив постои нешто повеќе од пријателство, а сега се фотографирани како се бакнуваат, прегрнуваат, галат и уживаат на плажа. Но, како што тврдат извори блиски на актерот, тие се гледаат 'без обврски'.


„Тоа никогаш не беше нешто сериозно. Само уживаат во заеднички моменти“, вели неименуван извор за „People“.

Инаку, Судејкис веќе некое време е сам, со оглед дека во ноември минатата година се појави веста дека актерката Оливија Вајлд и тој, после седум години веридба, ставиле точка на својата љубов.

Тие раскинале уште на почетокот на 2020-та година, но тоа успешно го сокриле од медиумите, со оглед дека се гледале во јавност. Тие денес имаат одличен однос и заедно се грижат за своите две деца.


Кратко откако беше објавено дека Џејсон Судејкис и Оливија Вајлд раскинале, таа стапила во врска со поп сензацијата Хари Стајлс, кој го запознала на снимањето на филмот „Don't Worry Darling“. Како што подоцна открил извор близок на Судејкис, на актерот не му било сеедно кога дознал дека неговата поранешна вереница продолжила понатаму.

„Таму уште има многу љубов, тој сака да постои начин да ги подобрат работите. Ќе видиме што ќе се случи“, рекол тогаш неименуваниот извор и додал дека срцето на Џејсон е целосно скршено поради раскинувањето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk