„Сопруг на годината“: Тиктокерка објавила снимка од својата венчавка, нејзиниот сопруг направил нешто (не)обично

Кармин

11/06/2021

17:35

3.634

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Тејлор Лоренз објавила видео од својата венчавка.

На снимката се гледа како нејзиниот сопруг, чекајќи ја да дојде до олтарот, во еден момент го вади мобилниот телефон за да провери дали има нови известувања.

„Пред четири години на денешен ден застанав пред олтар за да се венчам со љубовта на мојот живот. Тоа беше еден од најважните и најемотивноте моменти во нашите животи, а мојот сопруг ја направи најромантичната работа... Го провери својот глупав мобилен“, напишала покрај видеото кое го објавила на ТикТок.


„Сопруг на годината“, напишала покрај видеото и додала емотикони кои плачат од смеа.

Снимката собрала повеќе од 2.4 милиони прегледи и има повеќе од 2.000 коментари.

„Веројатно бил нервозен“, „Разведи се“, „Јас би се завртела и би си заминала“, „Тоа е сомнително“, се само некои од коментарите.

Дел од нив заклучиле дека сопругот сигурно ги имал заветите на мобилниот телефон, па поради тоа го извадил од џеб.

Откако видеото станало вирално, Тејлор објавила уште едно на кое го прашува сопругот зошто го проверувал телефонот кога таа требало да прошета до олтарот.


„Бидејќи криптовалутите никогаш не спијат“, одговорил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk