Ким Кардашијан ќе ги 'замрзне' профилите: „Не можам да седам и да молчам додека се шири омраза“

Кармин

16/09/2020

14:15

2.830

Големина на фонт

а а а

Ријалити ѕвездата ги охрабрила следбениците да се придружат во кампањата социјалните мрежи да се направат 'поодговорни'.

Ким Кардашијан вели дека ќе ги 'замрзне' профилите на Инстаграм и Фејсбук бидејќи платформите 'дозволуваат ширење омраза, пропаганда и дезинформации'.

Во вторникот ријалити ѕвездата објавила дека има во план да се придружи на протестот настанат во кампањата 'Престанете да мразите поради профит'.

„Сакам што можам директно да се поврзам со вас преку Инстаграм и Фејсбук, но не можам да седам и да молчам додека на овие платформи и понатаму се шири омраза, пропаганда и дезинформации - создадени од групи кои сакаат да направат раздор во Америка, кои само чекаат да преземат чекори откако луѓето ќе се повредат“, напишала таа.

„Дезинформациите кои се споделуваат на социјалните мрежи имаат сериозно влијание на нашите избори и ја нарушуваат нашата демократија“.

„Ве молам, приклучете ми се утре, кога привремено ќе ги исклучиме профилите на Инстаграм и Фејсбук за да му порачаме на Фејсбук #StopHateForProfit“.

Ким Кардашијан (39) заклучила дека Твитер не ги поттикнува своите следбеници да дознаат повеќе за тоа 'како да ја сочуваат вистината'. Според кампањата, која е опишана како 'тековна кампања што ги смета компаниите одговорни за ширење омраза на нивните платформи', 24-часовното 'замрзнување' е дел од нивната 'неделна акција' и ќе се одржи на 16-ти септември.

„Сè поголем број поединци најавуваат дека ќе се придружат во кампањата на една недела во акцијата која почнува во понеделник, на 14-ти септември“, се наведува во кампањата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk