Силвестер Сталоне има три ќерки, Софија, Систин и Скарлет со манекенката Џенифер Флавин со која што е во брак од 1997-та година.
Силвестер Сталоне (74) во последниве неколку години ја шокира јавноста со своето лице кое што го уништил со ботокс и други козметички зафати.
Неговите обожаватели истакнуваат дека додека некои од родителите ги наследуваат гените, Силвестер од својата мајка која што се занимава со астрологија и танц Џеки Сталоне (98), ја наследил опседнатоста со пластичните корекции.
Акциониот јунак исто како и неговата мајка сакал да го запре стареењето, па баш како и неа си го уништил лицето.
Сталоне започнал со корекциите уште пред 10 години, а многумина истакнуваат дека некогаш бил интересен да се гледа на филмското плтатно, а сега...
Сепак јавноста се надева дека неговите заносни ќерки со кои што често се фали нема да тргнат по неговиот пат.
Неговите ќерки се многу попријатни за гледање отколку него, а интересно е тоа што имињата на сите три им почнуваат со буквата С на која што почнува и името на Силвестер.
Сталоне во неделата објавил семејна фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.
„Набрзина ги тргнавме заштитните маски за фотографирање. Чувајте се“ - напишал холивудскиот актер.