И оваа старлета стана милијардерка: Прифатила понуда која ретко кој би можел да ја одбие

Кармин

30/06/2020

15:46

6.200

Големина на фонт

а а а

Оваа недела Ким Кардашијан го направила најголемиот потег во својата претприемачка кариера.

Старлетата продала 20 отсто од уделот во нејзиниот козметички бренд „KKW Beauty“ на компанијата „Coty“, во договор вреден 200 милиони долари.

Се очекува договорот да биде склучен следната година и доаѓа по одлуката на фирмата „Coty“ да го купи мнозинскиот удел во фирмата на помладата сестра на Ким, Кајли Џенер, на почетокот на оваа година.

Кога 'мастилото ќе се засуши', вредноста на компанијата „KKW Beauty“ наводно ќе се процени на милијарда долари.

Нејзиниот сопруг, Каније Вест, кој исто така е милијардер, напишал Твит за оваа вест.

##https://twitter.com/kanyewest/status/1277766033844121601?s=20##

„Толку многу сум горд на мојата убава сопруга Ким Кардашијан Вест поради тоа што официјално стана милијардерка“, напишал Каније.

Coty“ ќе имаат 'целокупна одговорност' за развој на производите за кожа, коса и нокти за „KKW Beauty“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk