Таа е сопственичка на најубавите нозе на светот, а кога ќе погледнете како вежба сè ќе ви биде јасно

Кармин

12/06/2020

10:46

3.308

Големина на фонт

а а а

Некогашниот ангел на Викторија Сикрет – 35-годишната Изабел Гулар од Бразил долго време ја носи титулата на жена со најубави и најдолги нозе на светот.

Добро знаеме дека за манекенскиот изглед е потребно одрекување од голем број работи и строга дисциплина, а тоа го потврдила и згодната Изабел која вели дека многу вредно работи на својот изглед. 

Она што е важно е што ваквиот војнички режим воопшто не ѝ смета и многумина ја знаат како личност која постојано вежба.

“Вежбам откако знам за себе. Вежбањето ми помогна полесно да се справувам со стресот, како на приватен, така и на професионален план. Вежбањето го сфаќам професионално како и својата работа. На моите тренери им велам дека секој тренинг сакам да го извршувам како да се спремам за натпревар”, изјавила манекенката во една прилика.

Изабел вежба секојдневно, а снимките од своите тренинзи секојдневно ги објавува на својот Инстаграм профил.

Манекенката најмногу вежба вежби за стомачни мускули, а од тренинзите во затворен простор најмногу сака пилатес, кикбокс, функционални тренинзи, но често трча и на отворено и вежба јога во природа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk