Роксана Карабога ги шокирала корисниците на социјалните мрежи со својата неверојатна физичка трансформација. Имено како што вели во своите објави на Инстаграм, успеала да изгуби преку 40 килограми.
Инаку фитнес тренерот и нутриционистка Карабога со години наназад зборува за својата борба со вишокот килограми.
Таа има повеќе од 700 илјади следбеници на ТикТок и повеќе од 300 илјади на Инстаграм, а често споделува совети и трикови за подобрување на здравјето и исхраната.
Нејзината исхрана се базира на намирници богати со протеини, а го ограничила и внесот на јаглени хидрати.
Нејзиното мени се состои од многу зеленчук, како што се: моркови, краставици, авокадо, домати и марула. Покрај зеленчук, таа консумира и многу житарки, како овес и бадеми но и чиа семе.
Роксана, исто така често консумира грчки јогурт, крем сирење и туна, а месото не го исфрлила целосно од менито – и понатаму повремено го вклучува во своите оброци.
Покрај тоа, таа е посветена и на физичка активност - но не на класичната. Односно таа не оди во теретана, туку танцува и вежба дома.
„Танцот и домашните вежби неколку пати неделно се лесни и забавни за почетниците. Тие заштедуваат време и пари, а никој не ве набљудува како во теретана."