Хороскопот открива кој е вашиот идеален тип на маж

Кармин

17/01/2020

11:08

2.111

Големина на фонт

а а а

Секоја жена има одреден тип на маж кој најмногу ја привлекува.

И додека едни сакаат неизлечиви романтичари, други повеќе ги привлекуваат мачо мажи, а голема улога во тоа, наводно, игра и хороскопот. 

Постои совршен тип на маж за секоја од четирите групи на знаци, па проверете каков е вашиот:

Водени знаци – Рак, Риби, Шкорпија

Водените знаци секогаш се спремни за акција и обично се многу спонтани, па истите работи ги ценат и кај потенцијалните партнери. Ако сте родени во еден од овие знаци, потребен ви е маж кој токму како вас сака изглеувања, патувања и авантури.


Огнени знаци – Лав, Овен, Стрелец

Пристојните и добри мажи едноставно не ги привлекуваат жените родени во огнените знаци. За нив многу поинтересни се “лошите” момци кои ќе внесат мала возбуда и акција во врската. Но, бидете внимателни да не налетате на некој сериозно опасен фраер кој ќе ви донесе само проблеми.

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

Жените родени во овие знаци обично се доста несигурни, па потребен им е одлучен и доминантен тип на маж на кој ќе можат да се ослонат и кој со текот на времето ќе им помогне да изградат цврста самодоверба. Воздушните знаци обично ги привлекуваат мажи кои сакаат да преземаат иницијатива и се однесуваат заштитнички кон нив.


Земјени знаци – Девица, Бик, Јарец

На земјените знаци во животот им е важна финансиската сигурност, па најмногу ги привлекуваат успешните мажи кои можат да им ја обезбедат, додека другите вредности паѓаат во втор план. Но, ако сте родени во еден од овие знаци, парите и кариерата не треба да ви бидат приоритет во пронаоѓањето на партнер, туку само дополнителен бонус.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk