„Го прашав сопругот како би реагирал доколку дознае дека нашиот син е геј, а неговиот одговор ме шокираше“

Кармин

18/12/2019

20:07

8.369

Големина на фонт

а а а

Некоја жена од Белград одлучила да раскаже какво непријатно изненадување доживеала од сопругот за кој неодамна се венчала.

Како што изјавила таа за српски “Телеграф“, ниту самата не знаела како се сетила да го праша својот сопруг што би направил доколку нивниот син е геј. Нејзината приказна ви ја пренесуваме во целост.

„Во неделата излегов со мојот сопруг во градот за да одиме на шопинг и да ручаме во вистинска новогодишна атмосфера. Бидејќи добро се опуштивме со виното и храната, разговаравме за новогодишните одлуки, а една од нив беше да направиме дете. Не знам ни самата како, но одеднаш си помислив да го прашам како би реагирал доколку “утре“ добиеме син и да ни признае дека е геј.

Неговиот одговор ме шокираше. “Мртов ладен“ ми кажа дека веднаш би го однел на доктор за да проверат дали му е добро, за да се обидат да му ја сменат неговата ориентација и дека би го оддалечил од пријателите кои се исто така хомосексуалци. Потоа кажа дека би го избркал од дома за да не го гледа и дека очигледно јас би била виновна поради тоа што нашиот син е хомосексуалец.


Не морам ниту да споменувам колку многу се вознемирив.

Не можев да поверувам во тоа што го слушам. Секако дека се побунив и се обидов со дијалог да му објаснам дека не е во право и дека вистински проблем е доколку нашето дете би имало рак или леукемија, а не доколку е хомосексуалец.

Секако дека со тоа ништо не постигнав освен што се искаравме, а сè уште немаме наше дете. Едноставно не можев да поверувам дека има таков став за таа тема.

На крајот тој “ја спушти топката“ и ми кажа дека нема потреба да се расправаме без потреба и дека доколку такво нешто ни се случи во иднина ќе најдеме некакво решение.

Сега навистина почнав да се сомневам во изборот затоа што не можам да поверувам дека личноста со која го делам мојот живот има таков став“ - раскажала жената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk