Изневерувањето е сè почесто: Мажите открија зошто го прават тоа, а ова се 4-те главни причини

Кармин

10/12/2019

14:17

2.802

Големина на фонт

а а а

Не се задволни и исполнети... Забележувате дека вашето момче или сопруг го заклучува телефонот или пак кога пишува пораки го крие од вас телефонот за да не можете да видите што пишува?

Разговорот го прекинува штом влезете во просторијата и одеднаш има многу повеќе обврски надвор отколку вообичаено? Ова се причините кои ја претвораат вашата врска или брак во “кошмар“.

Емотивно е оштетен

Во претходната врска бил повреден, изневерен, напуштен. Неговите рани се длабоко врежани во него и не може целосно да се посвети на друга личност. Бара секс надвор од бракот само на момент да ја задоволи болката и да побегне во некој друг свет.


Не е сигурен во неговите чувства

Тој не знае дали сака да биде долготрајно или пак искрено поврзан. Се плаши од емотивна блискост затоа што не знае што сака и што може да ви даде во врската. Тоа не го прави со намера да ве повреди, само сака да се пронајде себеси и да докаже дека ве сака. Доколку продолжи да ве изневерува тоа значи дека сфатил дека не сте вистинската за него и онаа со која би сакал да остане засекогаш.

Сака развод, но нема храброст да го побара тоа

Сака да се разведе, но не знае како или пак се плаши да ви зборува за тоа. Има секслуален однос со други девојки. Ова може да значи и дека не сака да ги решава проблемите, но воедно не сака да биде сам.


Му недостасува уште секс

Можеби едноставниот проблем е тоа што во вашата врска ви недостасува секс или пак исчезнала страста која била присутна на почетокот на вашата врска. Мажите вообичаено сакаат повеќе секс со својата девојка. Иако вам ви изгледа дека е вообичаено да водите љубов два пати неделно, него тоа му е недоволно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk