Оваа стјуардеса до детаљ раскажала кого го посакуваат девојките кои одат во Дубаи, зошто не се мажат со шеици и колку заработуваат

Кармин

15/11/2019

18:22

7.507

Големина на фонт

а а а

Доколку ве интересира кого најчесто го “посакуваат“ девојките кои од овие простори одат во Дубаи - еве го одговорот.

„Тоа се Либанците. Иначе се ниски, но затоа имаат “приказна“ и шармантни се. Слични се со нас по темперамент затоа што сепак тие се Медитеранци. Имаат став дека се најубави, најдобри и најатрактивни. Но, нема да ги видите меѓу пилотите. Воглавно работат како стјуарди и угостителство“ - вели Маја Радовиќ од Белград која четири години била стјуардеса во компанијата “Emirates“, а сега се занимава со односи со јавноста.


„Една колешка за многу кратко време го запозна својот сегашен сопруг, Норвежанин кој беше пилот и денес имаат две деца. Друга се заљуби во Египѓанин кој поради неа перфектно го научи нејзиниот мајчин јазик за после три години да одлучи да се ожени со девојката. Оние на кои момчињата ќе им дојдат на посета во Дубаи и ќе останат кај нив, што е забрането, само велат дека се нивни роднини затоа што всушност никој нема да ги проверува“ - раскажала Маја и додала:

„Тешко е Хрватка, Србинка или Црногорка да се заљуби во Арап затоа што тие не се привлечни мажи, а ние сепак имаме стандарди за убавина. Доколку на жената ѝ значат парите па тоа ја мотивира тогаш таа треба да биде свесна дека тие се приврзани на својата култура и дека на крај се одлучуваат за договорен брак“.


Да се биде стјуардеса е убава работа затоа што освен што ќе прошеташ на многу дестинации низ светот исто така работата е доволно платена. Платата се движи од 1.500 до 2.000 евра плус дополнителен џепарлак и за 4 или 5 години можете да се вратите во својата родна земја и да купите стан од 40 или 50 метри квадратни по цена нешто повисока од 1.000 евра од квадрат.

„На секоја дестинација остануваме помеѓу 13 и 36 часа, а во хотелот ни се платени сите услуги освен храната за која добиваме дополнителни парични средства. Во Лондон тоа беа 65 фунти, во Париз околу 75 евра додека пак во Цирих 160 франки“ - изјавила Маја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk