Астролозите велат дека секој хороскопски знак е различен во кревет, а еве како да ја распламтите страста кај вашиот партнер.
Мажите се визуелни суштества, особено оние родени во овој хороскопски знак. Затоа, сигурно нема да погрешите доколку одлучите да го изненадите вашиот драг Овен со некоја секси долна облека.
Сензуално чувствителните Бикови најлесно ќе ги придобиете со храна. На вас останува дали ќе се одлучите за миризливо масло кое може да се јаде или пак јагоди со шлаг.
Пуштете го вашиот глас, со тоа ќе го излудите мажот роден во знакот на Близнаци. Не е на одмет и да му ги шепнете вашите фантазии на уво.
Ракот силно посакува некој да ги сака, но има голем проблем со довербата. Затоа превезот за очи може да ви помогне да го придобиете.
За Лавовите, нивните тестиси ја претставуваат нивната машкост. Зошто не им посветите малку внимание и нежност?
Девицата ужива во откривање на нови вештини. Самозадоволувајте се пред него, а потоа пружете му прилика да го повтори “наученото”.
Вагите сакаат романтични и интимни искуства без некои грандиозни гестови. Бидете нежни во сè што правите и со сигурност ќе ја придобиете Вагата.
Мажите родени во знакот на Шкорпија спаѓаат во најмрачните знаци од Зодијакот. Тие се согласуваат на речиси сè во кревет, но сепак за секој случај прашајте ги пред да се впуштите во нешто ново.
Станете креативни. Излезете од спалната соба и пронајдете нови интересни места.
Садо-мазо сексот е нешто за кое сите Јарци фантазираат. Набавете секси сет за почетници и преземете ја контролата.
Водолиите обожуваат да зборуваат за сексот со мноштво дополнителни коментари. Напишете ги вашите фантазии на лист хартија, дури и оние најмрачните, а потоа со гласање поделете ги на три категории: “Можеме да пробаме”, “Нека остане фантазија засега” и “Не, никако”.
Ова може ќе ви звучи клише, но одведете го под туш. Нема да ве лажеме – сексот под туш е преценет и исклучително комплициран, но затоа оралното задоволство не е.