“Кул баба”: Од малечка сонувала да стане модел, а нејзиниот сон ѝ се остварил кога наполнила 80 години

Кармин

22/05/2019

14:05

1.732

Големина на фонт

а а а

Што мислите дека ќе правите на 80 години? Веројатно повеќето замислуваат мирно секојдневие и добра пензија. Повеќето да, но не и Бет Ховит. Нејзините 80-ти одбележале почеток на нова кариера: таа го потпишала својот прв договор како модел.

“Тоа е сензационално, отсекогаш сонував да бидам модел. Секако, дел од мене беше изненаден од фактот дека некој би сакал да го види ова старо лице. Никогаш не сум размислувала ни за тоа како стареам – секогаш живеам во моментот. Сега се отвора едно цело ново животно поглавје”, изјавила Ховит. 

“Неодамна влегов во банка и службеникот ме праша дали сум од телевизија – мое занимавање со моделство доспеа до локалните вести. Ми се допадна тоа. Ме направи да се почувствувам вредно”.

Дека онаа изрека “никогаш не е доцна” не е само клише, доказ е и Бет која минатата година била примена во Оксфорд, каде и живее, додека била на шопинг. Сега, десет години откако се пензионирала, потпишала договор за лондонската агенција “MOT Models”.

“Тоа беше потполна случајност. Бев на шопинг во Оксфорд, барав подарок за внуката и пронајдов прекрасна продавница полна со свилени марами. Додека плаќав, менаџерот на продавницата ме праша дали би учествувала на добротворна модна ревија. Бев помалку нервозна, но ми се допадна идејата да прошетам по модната писта”.

На споменатата ревија, Бет ѝ “паднала во око” на модната дизајнерка Бјанка Елгар, која ја прашала дали би сакала да биде модел за свилени марами на нејзиниот веб-сајт, а останатото е историја.

Фотографиите биле толку добри што Бјанка тајно ги испратила на натпревар во списанието “Goldi” каде победила. Наградата била – појавување на насловната страница. Коментарите биле крајно позитивни, а Бет напоменува дека нејзината 13-годишна внука смета дека таа е вистинска “кул баба”.

“Сакав да бидам модел кога бев млада. Немавме многу пари така што сама морав да си ја шијам облеката и бев навистина заинтересирана за гламур. Мојата модна икона беше Барбара Голен. Ја следев нејзината работа, сечев сè што можев да најдам за неа по списанијата и ја лепев во дневникот. Ги гледав нејзините фотографии на кои носеше фустани од Диор и сонував за тоа да бидам платена за да носам убава облека како што носеше таа”.

За Бет, тоа конечно станало реалност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk