Познатите брендови одлучија: Малолетните манекенки нема да бидат дел од нивните ревии

Кармин

17/05/2019

10:28

1.034

Големина на фонт

а а а

Промените во светот на моделството ги изненадија сите, а посебно бидејќи доаѓаат од најголемите имиња на водечката модна сцена. Малолетните манекенки повеќе нема да ги носат моделите на Гучи, Сен Лорен и Александар Меквин на модните ревии, одлучила компанијата Керинг и навела дека таа одлука ќе почне да се применува од колекциите есен-зима за сезона 2020/2021.

„Мора да бидеме одговорни и да бидеме вистински примери и во областа на луксузната мода. Се надеваме дека и останатите ќе продолжат по нашите стапки“ - рекол извршниот директор на компанијата Франс Анри Пино.


Мари Клер Даву од Керинг изјавила дека манекенките кои се постари од 18 години се позрели и физички и психички што е многу важно за ритамот и барањата на манекенската професија. Основачот на групата за сојуз на манекенки, Сара Зиф ја поддржала оваа одлука на компанијата Керинг и додала дека тоа е позитивен чекор за отстранување на притисокот под кој се наоѓаат манекенките затоа што мора да го зачуваат адолесцентскиот изглед. 


Во август минатата година, американската компанија Конде Наст која што го издава модното списание Вог, исто така соопштила дека нема да ангажира манекенки помлади од 18 години, освен ако темата за снимањето е детска.

„Вог и сличните магазини направија таква слика заради која нормално е децата да се облекуваат гламурозно и да рекламираат производи како возрасни. Доста беше. Тоа не е добро за читателите како ни за младите манекенки. Минатото не може да се поправи, но можеме да создадме поубава иднина“ - пишувало во уредничкиот коментар на списанието.


Пред две години и Керинг и ривалската кампања LVMH потпишале повелба со која се обврзуваат дека ќе престанат да ангажираат манекенки помлади од 16 години. Досега во модната индустрија имаше пракса да се ангажираат манекенки помлади од 18 години.


Според податоците, многу од познатите манекенки многу млади почнале со нивните професионални кариери, како што се Наоми Кемпбел, Кејт Мос, Брук Шилдс. Моментално најпознатата млада манекенка е 17 годишната Каја Гербер, а на модните писти во последно време излеува и Хадсон Кренинг која има 11 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk