Пејачката на геј дуото t.A.T.u. се деформирала од пластичните операции – фановите ја молат да престане

Кармин

13/05/2019

14:39

6.055

Големина на фонт

а а а

Јулија Волкова, поранешната пејачка на групата t.A.T.u. буквално се трансформирала благодарение на пластичните операции. Фановите не се задоволни, велат дека личи на страшило и под итно мора да престане со естетската хирургија.

34-годишната Волкова се појави на сцената во 2003 година во школска униформа за девојчиња, заедно со Лена Катина со која страстно се бакнуваше, промовирајќи го синглот “All The Things She Said”. 

Таа подоцна се испроба и во соло кариерата, но тоа не е единственото нешто кое го променила – Јулија се подложила на низа пластични операции.

Руските фанови се згрозени од промената на нејзиното лице и велат дека изгледа како страшило. Неодамна објавила и дека драстично ослабнала, а сега тежи 45 килограми.

Обожавателите на групата t.A.T.u. го сакаа нејзиниот природно убав изглед, а сега тврдат дека изгледа страшно.

“Само до пред две години изгледаше фантастично, а сега си пластична кукла. Ништо не остана од старата Јулија”, ѝ напишал еден фан.

“Ќе оставиш ли воопшто нешто природно на себе?”, се запрашал друг.

“Зарем не ти е јасно дека ова не им се допаѓа на твоите фанови? Страшно е да те гледам”, бил немилосрден трет.

“Немаш 70 години, не си стара. Немаш никаква причина за ваквите силни операции”, објаснил четврт.

Јулија во 2016 година ја доби битката со карциномот и оттогаш драстично го промени својот изглед. Сепак, таа задржала нешто – и понатаму сака и момци и девојки.

“Дури и мојот сопруг Владо знае за моето минато со девојките и знае дека тие му се закана. Неодамна запознав девојка во која се заљубив”, изјавила Јулија во едно интервју и со тоа потврдила дека ваквата страст не ја оставила во минатото.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk