Клои Кардашијан не штедела за прославата на првиот роденден на својата ќерка Тру.
Забавата изгледала како сцена од бајка, со понија кои изгледале како еднорози, еден куп шарени балони и благи работи од сите видови, па дури и вештачки дим.
Клои и малата Тру носеле дизајнерски свилени тоалети во иста боја, а на прославата бил и Тристан Томпсон, таткото на малата Тру, кој Клои го остави откако се откри дека ја изневерува. На прославата биле речиси сите сестри Кардашијан-Џенер и нивните деца. Отсуствувала само Кендал, која, како што пренесуваат американските медиуми, била видена на популарниот фестивал „Coachella“.
Ќерката на Ким Кардашијан, Норт, се појавила во штикли на мајка си, кои не сакала да ги соблече.
Снимките од луксузната прослава ги преплавија социјалните мрежи, а Клои сите подароци кои ги добила Тру, ги донирала во детска болница во Лос Анџелес.