Славната манекенка ја критикуваа поради насловната страна, а сега и за начинот на кој станала позната

Кармин

19/11/2018

13:09

2.512

Големина на фонт

а а а

Една од најуспешните манекенки на денешницата се најде на мета на критичарите. Џиџи Хадид била јавно обвинета дека славата им ја должи на своите познати родители, Мохамед Хадид и поранешната манекенка Јоланда Хадид.

Џиџи во интервју за Harper's Bazaar одговори на критиките.  

"Луѓето велат дека не го заслужувам тоа што сум го остварила, бидејќи доаѓам од успешно семејство, но моите родители тешко работеле за сè што стекнале. Мојот татко беше бегалец, а мојата мајка е родена на фарма и се пресели во Њујорк за да заработи нешто за своето семејство. И двајцата поминаа низ потешкотии за да ми овозможат убав живот и токму поради нив се трудам да бидам и јас успешна", раскажа Џиџи.


"Нема да се кријам дома само поради тоа што некој рекол дека сум успешна поради родителите", заклучи Џиџи.


За време на интервјуто манекенката се надоврза и за арапскиот Vogue поради што исто така се најде на мета на критики во јавноста. Џиџи за прв пат ја красеше насловната страна на модната библија во март 2017 година на која позираше со хиџаб со светкави камчиња и предизвика критики во јавноста, бидејќи не е Арапка.

"Проблемот со таа насловна страна е што не сум вистинска Арапка, иако сум полу Палестинка и пола Холанѓанка. Тоа што имам руса коса не значи дека не ги ценам своите арапски корени", се одбрани Џиџи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk