Овие работи мора да им ги повторувате на вашите ќерки во текот на нивното растење

Кармин

15/10/2018

19:35

2.900

Големина на фонт

а а а

Иако можеби сега ви изгледа неверојатно, вашите девојчиња еден ден ќе пораснат во преубави, млади дами, кои храбро ќе чекорат низ животот!

За да ги подготвите за тој пат, постојат зборови за поддршка, кои мора да ги повотрувате во текот на целиот процес пред созревање.

За да можат храбро да се соочат со животот, тие од вас мора да ги слушаат следниве работи:

1. Колку и да е тешко, ќе помине

Понекогаш нивните проблеми ни изгледаат бесмислено, бидејќи нашите се неспоредливо големи, но тие тоа многу тешко го поднесуваат. Затоа, многу е важно да им укажеме разбирање и да им објасниме дека секој тежок период ќе помине, а дека после него, сè ќе биде полесно!


2. Знаењето никој не може да ти го одземе

За да израсне во успешна жена, вашата ќерка мора да знае дека знаењето кое го стекнува е драгоцено, дека многу ќе ѝ значи во животот и дека благодарение на него, еден ден ќе ја работи својата работа од соништата. Многу е важно кај детето да ја развиете свеста и интересот за учење, за да се подготви навреме за образованието кое е составен дел од растењето и созревањето.

3. Верувам во тебе

Мора да ѝ покажете дека верувате во неа, бидејќи за неа тоа ќе биде посебен дел мотивација!


4. Горда сум на тебе

На вашата ќерка особено ѝ е важно вас да ве усреќи и да ве направи горда мајка, затоа, не заборавајте одвреме-навреме да ѝ дадете до знаење дека сте горди на секој нејзин успех, а особено на тоа каква личност е таа.

5. Верувај во себе

Една од најважните лекции за секое девојче е лекцијата за самопочит. Мора навреме да ја научите да се сака и почитува себеси и секогаш да се избори за својот став!


6. Биди тоа што си

Исто така, мора да ја научите дека не смее да се менува поради никој, дека е прекрасна токму таква каква што е и дека поради тоа е многу драгоцена!


7. Те сакам!

Вашите ќерки силно ја чувствуваат вашата љубов, но не заборавајте одвреме-навреме да им го кажете тоа. Тоа особено ќе им значи!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk