Сопственичка на бутик открива како ве мамат кога купувате: Еве што сѐ треба да проверите, пред да купите брендирано парче!

Кармин

23/08/2018

15:25

6.126

Големина на фонт

а а а

Лажните дизајнерски ташни, денес толку наликуваат на вистинските, па скоро е невозможно да ги препознаете, сѐ додека после еден месец не ви испадне некое копче или не ви се скине ременот.

Особено тешко е да ги препознаете кога купувате од интернет, каде дури 61% од потрошувачите купуваат лажни торби, мислејќи дека се вистински. Затоа, ко-сопственичка на продавница со дизајнерска облека, открила како да препознаете лажно дизајнирана ташна. Во продолжение 7 совети од неа.

1. Проверете го квалитетот на материјалот

Вистинските дизајнерски ташни се скоро секогаш изработени од вистинска кожа, а вистинската кожа многу е лесно да ја препознаете со допир, но и според мирисот.

2. Добро проверете ги копчињата

Копчињата на вистинските ташни се тешки и не звучат шупливо, кога ќе се обидете да тропнете на нив.


3. Проверете ги сите шевови

Дизајнерските ташни секогаш се совршено сошиени. Затоа, проверете го секој шев, бидејќи ако наидете на поголеми грешки, како што е прекин на еден и почеток на нов конец, или нерамен шев, бидете сигурни дека се работи за измама.

4. Евтина постава

Добро проверете ја поставата, бидејќи логото на поставата кај лажните ташни, обично се печати со фотографија, поради што може да биде малку заматено и неправилно или во погрешна нијанса.


5. Споредете го логото

Лажните ташни, често имаат различно лого од вистинските дизајнерски ташни. Затоа, добро проверете го логото и обрнете внимание на ситните детали во фонтот.

6. Проверете ги џебовите

Добро проверете ја целата внатрешност и проверете дали џебовите се на правото место, на кое што треба да бидат. Произведувачите на лажни дизајнерски ташни, често не обрнуваат внимание на нивната внатрешност, па така грешките се лесно видливи кај копиите.


7. Прочитајте ги етикетите

Обрнете внимание и на тоа што го пишува на етикетите - каде е произведена ташната, каков ѝ е составот, дали логото е добро испишано итн. Таму исто така лесно ќе пронајдете евентуални знаци дека не се работи за оригинален модел. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk