"Драга, па тоа е Мадона", рече култниот англиски режисер Гај Ричи кога го запрашаа зошто ја остави девојката за да се забавува со проблематичната поп дива. Таа реченица можеби најубаво ја објаснува и дефинира жената која потекнува од скромно семејство, а успеа да стане апсолутен планетарен симбол, без разлика која музика ја сакате или слушате.
Не постои личност која нема чуено за жената која денес полни 60 години. Во дамнешната 1989 година таа владееше со светот и со сите нејзини колешки кои денес се обидуваат да бидат нејзини копии.
Ниту Лејди Гага, Бијонсе, Бритни Спирс, Гвен Стефани не "измислиле топла вода". Буквално Мадона започна да се фотографира гола, мастурбираше во јавност, скокаше на сцена, се бакнуваше со други жени, кршеше крстови, поддржуваше хомосексуалци, посвои деца од сиромашни држави.
Буквално сè направи Мадона Луиз Чикон, третото од шесте деца на Италијанскиот емигрант Силвио и Канаѓанката Луиза.
"Бев бунтовничка. Знаев дека сакам да бидам некој и нешто. Така во основно и средно бев одлична ученичка, а во 1978 година се откажав од факултетот и се преселив во Њујорк. Заминав со само 35 долари во џеб. Не познавав никој, продавав крофни, живеев на пуканки", рекла за странските медиуми Мадона.
Девојките ширум светот ја копираат, носеле оскудна облека, се ослободиле, сакале љубов како онаа за која пееше Мадона, а пејачката беше карактеризирана како "кралица на распуштеноста и неморалот".
Песната "Papa Don't Preach" која говори за малолетните трудници и денес е голем хит на нејзините концерти, со оглед на тоа дека песната ги опфати сите социјални теми, а нејзините потези се оценувале како контроверзни. Не наидуваше на одобрување, но изгледа токму поради тоа ја обожувале милиони луѓе на планетата.
Со доаѓањето на новиот милениум, Мадона започна да ги спојува музичките правци, а со албумот "American Life" го критикуваше американското општество.
Денес Мадона е мајка на 6 деца, од кои 4 ги посвои од Африка. Моментално живее во Лисабон со своите деца и се занимава со хуманитарна работа, промоција на најразлични видови на уметности, најчесто авангардни кои ја нагласуваат слободата на изразување.