Летото е на прагот а со тоа и летните одмори, миговите во кои ќе здивнеме од напорната работа и обврските преку целата година. Потребно е многу време за да разгледаме сѐ што ќе ни го привлече окото, па така одлуката за тоа каде ќе патуваме ова лето може да стане мала дилема земајќи ги предвид мноштвото понуди кои ни се презентираат.
Никој не сака да биде патувач само од својата фотелја, заглавен пред својот компјутер барајќи ја совршената дестинација за летниот одмор. Кога ги разгледувате вашите опции, мора да си поставите неколку прашања кои ќе го стеснат изборот и ќе ви ја олеснат одлуката. Дали сакате авантура или релаксација? Дали барате да спознаете некоја нова култура или да искусите нова авантура? Патувате сами, со семејството или со вашиот партнер?
Секому е полесно кога има некој друг кој може да се погрижи за целата организација и аранжман. Затоа ние ќе ви предложиме неколку дестинации за кои сметаме дека ќе ги исполнат вашите очекувања, а воедно и ќе ве упатиме кон вистинските луѓе кои можат да го исполнат она што го замислувате за својот летен одмор со тоа што направивме мала селекција на агенции кои нудат аранжмани за сечиј вкус и потреби.
Неа Рода
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во исто време да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, одалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.
Ставрос
Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е одалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири. Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата. Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.
Паљури
На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор. Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи и тесни поплочени улици. Нселено е со околу 800 жители кои се занимаваат со одгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку маркети, месара, рибара, таверни и ресторани. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа.
Доколку некоја од овие дестинации е вашиот избор, ние ви ги препорачуваме Атлантик Турс кои несомнено ги нудат најдобрите аранжмани за овие места. Нешто по што Атлантик се препознатливи низ годините, е тоа што преку нивните аранжмани, може да закупите сместувања во кои се вклучени десет ноќи, единаесет дена со вклучен превоз.
Сарти
Сарти е една од најпосакуваните дестинации на вториот крак Ситонија. Сместено во срцето на Халкидики, на јужниот дел на полуостровот свртено кон третиот крак Атос, Сарти е градот кое е во целост подреден на туристите. Изобилство продавници, слаткарници, пекари, кафетерии, ресторани, дискотеки ... Долга песочна плажа со уредено шеталиште исполнето со медитеранско зеленило и мноштво барови и таверни со морска храна...Прекрасни зајдисонца со неверојатни бои кои оставаат впечаток дека сте навистина во близина на боговите.
Амудија
Амудија е мало убаво место на северозападниот брег на Грција кое излегува на Јонско море. Туристички избор за сите кои сакаат да уживаат во семејната атмосфера во комбинација со мноштво од активности и можност за посета на многу митолошки и историски знаменитости. Амудија е ценета и и се придава големо значење поради мноштвото ендемски видови од животинскиот и растителниот свет кој се наоѓа покрај реката Ачерон. Ова рибарско градче со навистина убави плажи е воедно и заштитено од "Natura 2000".
Канали
Канали е уште едно место кое излегува на Јонско море и е позиционирано меѓу Парга и Лефкада. Доколку сте во потрага по мирен одмор проследен со релаксирана атмосфера, Канали е одличен избор. Оплеменето со многу зеленило од една страна, и синото море од друга страна го прават Канали градче во две бои. Добро развиено угостителство и многу вкусна храна, Канали е вистинско место за одмор и бегство од метежот.
ЈК Тавел се препознатливи по успешната организација и одличните аранжмани, особено за овие актуелни дестинации. Доколу вашиот избор за летниот одмор е некоја од овие дестинации, ние ве упатуваме во рацете на тимот на ЈК Травел.
Анталија
Доколку вашиот избор за ова лето е Турција, Сава Турс ви овозможува целосна организација и аранжман за Анталија со чартер лет и трансфер до вашиот хотел. Доколку сакате да уживате во луксузен одмор, прекрасни плажи и чиста тиркизна вода, ние имаме неколку предлози.
Белек, место во Анталија кое воедно важи и за едно од најлуксузните туристички места во Турција. Прекрасни плажи и хотели во кои луксузот е отиден до таму што ви овозможува преку ТВ пренос да ги следите случувањата во игротеките каде може да ги оставите вашите деца. Кемер е исто уште една дестинација која им ја предлагаме на сите љубители на луксузниот престој.
Во Кемер плажите се каменести, поради што и морската вода во овој предел е најбистра. Географската местоположба ја прави температурата на воздухот и водата да бидат за неколку степени пониски од останатите дестинации во Турција. Дестинацијата која се одликува со најубавите песочни плажи е Сиде и доколку преферирате одмор на добра плажа, тогаш Сиде е местото кое треба да го посетите. Уште една дестинација за љубителите на луксузниот одмор е Аланија и тука можеме да го издвоиме хотелот Rubi Platinum 5* како наш избор. Овој ресорт е посебно убав поради тоа што плажата е всушност во залив и навистина восхитува со својата убавина. Тука, во Ultra All Inclusive стандардот се нуди органска храна за деца, а за возрасните ресортот нуди увозни алкохолни пијалоци без никаква доплата.