Овие три групи намирници можат да го зголемат ризикот од деменција: Една многумина јадат секој ден

Точка

27/11/2026

21:01

658

Големина на фонт

а а а

Исхраната има значително влијание врз здравјето на мозокот, а научниците сè почесто поврзуваат одредени намирници со зголемен ризик од деменција.

Иако ниту една намирница сама по себе не ја предизвикува оваа болест, експертите предупредуваат дека начинот на исхрана што подразбира често консумирање одредени групи намирници може долгорочно негативно да влијае врз когнитивните функции.

Врз основа на научни истражувања и мислења на нутриционисти, се издвојуваат четири клучни категории, пишува „Eating Well“.

Преработено месо

Во преработено месо спаѓаат колбасите, сланината, виршлите и различните сувомесни производи. Ваквите намирници често содржат големи количества натриум, заситени масти и конзерванси.

Исхраната богата со заситени масти може да го наруши нивото на холестерол и да поттикне инсулинска резистенција, додека прекумерниот внес на натриум може да доведе до висок крвен притисок. Сите овие фактори претставуваат ризик за кардиоваскуларни заболувања, кои се директно поврзани со здравјето на мозокот.

Докторката Линет Гогол објаснува дека исхраната со многу преработено месо со текот на времето може да предизвика васкуларни и метаболички проблеми.

„Тоа може да го наруши здравјето на крвните садови и протокот на крв во мозокот, што потенцијално го зголемува ризикот од когнитивно опаѓање“, објаснува Линет Гогол.

Нутриционистката Меги Мун додава дека дури и само една порција преработено месо дневно може да го забрза стареењето на мозокот.


Засладени пијалаци

Газираните сокови, засладените чаеви и готовите пијалаци со кафе се меѓу главните извори на прекумерен внес на шеќер. Нивното редовно консумирање негативно влијае врз метаболичкото здравје и долгорочно може да доведе до инсулинска резистенција, висок крвен притисок и дијабетес тип 2. Сите овие состојби се поврзани со поголем ризик од деменција.

Според докторката Гогол, истражувањата покажуваат дека пиењето повеќе од една чаша засладени пијалаци дневно е поврзано со поголем ризик од сите облици на деменција во споредба со лицата што не ги пијат.


Пржена храна

Пржењето во длабоко масло го менува нутритивниот состав на храната, па дури и намирниците што вообичаено се здрави можат да изгубат дел од своите корисни својства.

Нутриционистката Меги Мун истакнува дека истражувањата поврзуваат дури и мали количества пржена риба со зголемен ризик од васкуларна деменција. Други студии потврдиле поврзаност меѓу исхраната што поттикнува воспалителни процеси и поголемиот ризик од Алцхајмерова болест и деменција воопшто.

Пржената храна може да предизвика хронични воспалителни процеси во организмот. Како што објаснува Меги Мун, воспаленијата можат да го намалат волуменот на сивата маса во хипокампусот, а да го зголемат волуменот на белата маса.

„Замислете го хипокампусот како центар за помнење, а белата маса како обвивка што ги штити нервните влакна и им помага ефикасно да комуницираат“, вели Меги Мун.

Ваквите промени во структурата на мозокот директно влијаат врз когнитивното здравје.