Грижата за здравјето и поддршката на здравствените установи остануваат меѓу најважните приоритети на Mozzart.
Во таа насока, компанијата донираше современ микроскоп за преглед на уши на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, опрема што ќе придонесе за поефикасна работа на лекарите и уште поквалитетна грижа за пациентите.

Новата опрема веднаш беше ставена во функција, а по повод донацијата беа организирани и бесплатни прегледи за граѓаните, овозможувајќи навремена дијагностика и стручна медицинска грижа за голем број пациенти.

На овој начин, придобивките од донацијата не се огледаат само во подобрените услови за работа на медицинскиот персонал, туку и во директната поддршка за заедницата.

„Со новиот апарат добиваме подобра дијагностика и подобра визуелизација на проблемите. Микроскоп од овој тип, кој може да се користи и во операциона сала, е нешто што навистина ни беше неопходно. Голема благодарност до компанијата Mozzart“, изјави директорот на Клиниката за уво, нос и грло, Игор Камшиковски.

Ова е само дел од континуираната поддршка што Mozzart со години ја обезбедува за македонското здравство.


„Зад нас се бројни значајни донации на медицинска опрема и поддршка за здравствени установи ширум државата, реализирани со искрена желба да помогнеме онаму каде што помошта е најпотребна. Среќни сме што овојпат имавме можност да ја поддржиме Клиниката за уво, нос и грло и да им обезбедиме апарат што е од големо значење за нивната секојдневна работа и за пациентите“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Секоја поддршка на здравството е инвестиција во подобри услови за лекување, посилна поддршка за медицинските работници и поквалитетен живот за сите граѓани. Како општествено одговорна компанија, Mozzart и во иднина ќе продолжи да инвестира во проекти и иницијативи што создаваат вистинска вредност за заедницата и придонесуваат за подобро и похумано општество.











