Никој не очекуваше ваков пресврт: Речиси две години, пејачката и фудбалерот не разговарале, а сега се подготвуваат за венчавка

Точка

27/11/2026

16:18

212

Големина на фонт

а а а

По раскинувањето што ги изненади нивните обожаватели, познатата пејачка Тини Стоесел и фудбалерот Родриго Де Пол ја обновија својата љубовна врска, пронајдоа заеднички дом и почнаа да планираат ново поглавје во нивната љубовна приказна.

Аргентинската пејачка Стоесел и фудбалерот Де Пол повторно се вљубени, а нивната љубовна приказна наскоро ќе добие ново поглавје. Парот се подготвува за венчавка што би требало да се одржи на 19 декември во Буенос Аирес, а во пресрет на големиот ден заедно позирале на насловната страницата на магазинот „Vogue Latinoamérica“.

Во интервјуто се присетиле на почетоците на нивната врска, раскинувањето и повторното пронаоѓање на љубовта.


Нивната романса прв пат завршила во август 2023 година, по период во кој и двајцата биле преокупирани со бројни професионални обврски. Иако по раскинувањето секој од нив продолжил по својот пат, повторно се сретнале во 2025 година и одлучиле да ѝ дадат нова шанса на својата врска.

Тини признала дека и двајцата се промениле, но дека меѓу нив и понатаму постоела посебна поврзаност.


Денес нивните планови се посериозни од кога било. Заедно пронашле дом во Мајами, размислуваат за иднината во Аргентина, а пејачката веќе интензивно се занимава со подготовките за венчавката. Таа открила дека запишала дури 180 страници со идеи и скици за прославата да изгледа токму онака како што ја замислувала.


Тини во разговорот проговорила и за мајчинството, признавајќи дека еден ден сака да стане мајка. Родриго од претходната врска има две деца, а се чини дека парот веќе размислува за тоа како би изгледало нивното заедничко семејство.

Зошто раскинаа во 2023 година?

Кога во август 2023 година објавија дека повеќе не се заедно, Тини и Родриго истакнале дека станува збор за заедничка одлука.

Аргентинскиот телевизиски водител Анхел де Брито, кој во тој период разговарал со двајцата, открил дека нивните професионални обврски го отежнувале одржувањето на врската, особено поради турнејата на пејачката низ Европа и Северна Америка.


Пејачката тогаш му открила и дека причината за раскинувањето не била неверство. Де Пол уште тогаш ја оставил отворена можноста за помирување, велејќи дека не е сигурен дали нивното раскинување е конечно.