Судискиот комитет објасни зошто ВАР не можел да се активира за контроверзниот потег на Арда

Дерби

20/10/2026

10:42

288

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот дуел меѓу Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Пеке од редовите на Севилја предизвика бура од реакции во Шпанија, а додека од гостинскиот табор чекаат аудио докази за да слушнат што точно зборувале луѓето во ВАР собата со главниот судија Матео Бускетс Ферер, „Марка“ ги контактираше одговорните луѓе од судискиот Комитет во Ла Лига.

Познатото тело „ЦТА“ со неколку реченици се обиде да објасни зошто инцидентот останал нецелосно расчистен и за луѓето во ВАР собата, кои едноставно решиле да не го повикаат Ферер поради фактот што не собрале доволно број докази кои укажуваат на агресија од Турчинот.

И покрај тоа што на „Бернабеу“ има 23 поставени камери во близина на теренот, во неделата ниту една од нив не успеала одблизу да го долови спорниот дуел меѓу двајцата, па во недостиг на вистински кадар, од ВАР не можеле да направат никаква корекција во ситуација кога Ферер првично не го забележа инцидентот.

– Еден дел од многубројните камери поставени на теренот не се баш соодветни за потребите на ВАР. Инцидентот се случи зад грбот на судијата и далеку од топката. Камерите не беа фокусирани на тој дел од теренот, па моментот беше уловен само од оние камери со многу широк кадар. Како што може да се види, инцидентот е регистриран, но недостасуваат детали.

– Невозможно е да се утврди дали контактот бил остварен со рамо, лакт или дланка, ниту пак каде точно бил зададен ударот во пределот на лицето, или телото. Тоа едноставно не може да се види и утврди од ниту една камера на теренот. Без докази, нема основа за интервенција. На теренот не беше досуден прекршок, а без непобивливи докази, ВАР-тимот не може да преземе ништо, – гласи појаснувањето кое е дадено до угледната „Марка“.