Нагласија дека нема да има исфрлање во Лига 2, најнискиот професионален ранг на англискиот фудбал.
Главната тема во последниот месец во фудбалските кругови во Англија е каква казна ќе добие Манчестер Сити.
Да потсетиме, граѓаните се прогласени за виновни по 114 од 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата. Од Етихад поднесоа жалба на таа одлука и сега се чека конечната пресуда.

Сепак, шпекулациите за можната казна веќе се во полн ек. Некои пишуваат за одземање бодови, други за исфрлање во Лига 2, најнискиот професионален ранг на англискиот фудбал, а некои одат толку далеку што сметаат дека ќе им бидат одземени трофеите освоени во периодот во кој се откриени финансиските малверзации.
„Daily Mail“ отиде чекор понатаму и откри дека има сознанија каква казна му се подготвува на Сити. Според пишувањето на овој медиум, граѓаните сезонава ќе бидат казнети со одземање голем број бодови – толку многу што сигурно ќе испаднат од Премиер лигата. Исто така, се наведува дека на Сити ќе му бидат одземени бодови и за следната сезона.

Сепак, „Daily Mail“ пишува и дека клубот од Етихад нема да биде исфрлен во Лига 2. Покрај сето ова, се очекува и значителна парична казна.






