Боби Фирмино беше еден од последните бразилски генијалци кои доминираа во Премиер лигата на начин со кој предизвикуваше воздишки меѓу фановите, а офанзивниот фудбалер кој беше миленик на Јирген Клоп често се наоѓаше во фокусот и поради откачените завршници.
Фирмино знаеше да ги испружи голманите колку што се долги и да ја заврши акцијата без да гледа во топката, а вчера такво нешто видовме и на натпревар кој го одигра Борнмут.
„Црешите“ запишаа важна победа во Премиер лигата на домашен терен против Сандерленд, а натпреварот го одбележа бразилскиот напаѓач во домашниот табор.
Еванилсон запиша асистенција и еден гол во победата од 2:0, но посебно внимание привлече со реализацијата на голот за потврда на победата.
Бразилецот примени дриблинг мајсторија која беше карактеристична за Роналдо Назарио, а потоа ја спроведе топката во голот без да гледа во стилот на Боби Фирмино.
Evanilson didn't need to look 😤 https://t.co/KfAneOtxEs
— Premier League (@premierleague) October 18, 2026








