Трагична смрт на Сахара Реј: Поранешната девојка на Џастин Бибер почина само неколку месеци по породувањето

Точка

19/10/2026

20:40

1.159

Големина на фонт

а а а

Австралиската манекенка и дизајнерка на костими за капење Сахара Реј почина на 34-годишна возраст, само неколку месеци откако го роди своето прво дете.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиното семејство за американскиот портал „ТМЗ“.

„Почина синоќа во болница, опкружена со членовите на семејството. Беше многу сакана“, соопшти нејзиното семејство.


Причината за смртта засега не е објавена.

Од Сахара на социјалните мрежи се простија бројни пријатели и обожаватели. Меѓу нив беше и нејзината пријателка Беки Херн, која на Инстаграм објави неколку нивни заеднички фотографии.

„Сахара, чиста душа со огромно срце. Срцето ми е скршено поради тебе и твоето семејство. Почивај во мир“, напиша Херн.


Реј во јануари оваа година ја роди својата ќерка Сноу. За време на бременоста, на социјалните мрежи споделувала моменти од исчекувањето на бебето, а непосредно пред породувањето објавила видеоснимка од својот труднички стомак, со порака дека ја очекува индуцирано породување.

„Посакајте ми среќа. Денес во 20 часот започнува индуцирањето на породувањето. Многу сум возбудена, но и нервозна“, напишала тогаш.


Во април им ја претстави својата ќерка на следбениците, објавувајќи видео во кое поминуваат време заедно. Објавата била придружена со песната „Everything Hallelujah“ на Џастин Бибер, објавена во 2025 година.


Реј го привлече вниманието на пошироката јавност и поради поранешната врска со канадскиот музичар Џастин Бибер. За нивната поврзаност интензивно се пишуваше во 2016 година, кога беа фотографирани заедно на Хаваи.


Медиумите ја поврзуваа и со австралискиот пејач Коди Симпсон.

Покрај манекенската кариера, Реј развивала и сопствен бизнис со костими за капење под брендот „Сахара Реј Свим“. На Инстаграм имала речиси 900.000 следбеници, со кои споделувала содржини поврзани со модата, патувањата и приватниот живот.


Таа е ќерка на познатиот австралиски сурфер Тони Реј, а детството го поминала патувајќи меѓу Австралија, Калифорнија и Хаваи.

Во последните години јавно зборувала и за својата борба со Гијен-Бареовиот синдром, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика мускулна слабост и парализа.


Според претходните медиумски извештаи, здравствените проблеми се појавиле по сообраќајна несреќа.

Околностите под кои починала засега не се познати, а се очекуваат дополнителни информации.