[ФОТО] Ирина Шајк по ревијата се појавила речиси гола на забавата: Манекенката прошетала во градник и проѕирни хеланки

Точка

19/10/2026

14:30

1.196

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк го покажа своето затегнато тело по ревијата на „Victoria’s Secret“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што го привлече вниманието.

Познатата манекенка (40) одлучи да продолжи со забавата по модната ревија, па за излегувањето избра црн градник и проѕирни црвени хеланки под кои се наѕираа гаќичките. Стајлингот го надополни со сребрено ланче со крст и чевли со високи потпетици, додека долгата темна коса ја остави слободно да ѝ паѓа.


Насмеаната Ирина пристигнала сама во клуб во Лос Анџелес, а подоцна била видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси.


Манекенката истиот ден прошета на модната писта на ревијата на „Victoria’s Secret“, каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во едната комбинација носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во другата имаше розов чипкан градник, над кој носеше кратка маичка во истата нијанса.

Ирина за првпат прошета на модната писта на овој познат бренд во 2016 година, а во повеќе наврати истакнала колку ужива во таа улога.


Во интервју за „Vogue“ своето искуство на ревијата го опиша како спој на сексапил, лудило и убавина.

„Ревијата е како едно големо мени со сексапил, лудило и убавина, има сè“, изјави манекенката, додавајќи дека прекрасните девојки, секси костимите и неверојатните изведувачи се она што го прави овој настан посебен.


Ирина Шајк е една од најпознатите манекенки на денешницата. Родена е во рускиот град Јеманжелинск, а меѓународната слава ја стекнала во 2011 година, кога станала првата руска манекенка на насловната страница на изданието на списанието „Sports Illustrated Swimsuit“.

Во текот на кариерата соработувала со најпрестижните модни куќи, а нејзиниот приватен живот често го привлекува вниманието на јавноста. Има ќерка со холивудскиот актер Бредли Купер, а ја поврзуваа и со легендарниот НФЛ играч, Том Брејди.