[ВИДЕО] Се огласи водителката чие интервју со чешкиот тренер ги „урна“ социјалните мрежи: Верувам дека на неговата сопруга ѝ било драго

Точка

17/10/2026

10:10

2.775

Големина на фонт

а а а

Чешката водителка Сабина Јакшова се огласи откако нејзиното интервју со Давид Оулехла, тренерот на второлигашот ФК Виагем Усти над Лабем, стана вирално.

Разговорот бил снимен откако неговиот тим претходно овој месец загубил од СФК Опава со резултат 3:2, а вниманието го привлече затоа што тренерот за време на интервјуто избегнувал да ја погледне новинарката.

Јакшова во интервју за „SunSport“ го пофалила однесувањето на тренерот и открила дека на неговата сопруга Луцие ѝ е мило поради толкавото внимание.

@fkviagemusti Hodnocení trenéra Davida Olehly po dnešním utkání, ve kterém jsme bohužel podlehli Opavě 2:3. ————- Head coach David Olehla shares his thoughts on today’s match, in which we unfortunately suffered a 3–2 defeat against Opava. #fkviagem #football #girls #usa #italy ♬ původní zvuk - FK VIAGEM Ústí nad Labem

„Неговата сопруга внимателно ги следи нашите интервјуа и верувам дека се израдувала што ова интервју стана вирално“, рекла Јакшова.

„Давид има многу силна волја и во клубот сме горди на него. Не забележав дека гледа настрана бидејќи бев сосредоточена на она што го зборува“, додала таа.

Таа вели дека е изненадена што снимката одекнала низ целиот свет.


„Навикната сум на вниманието бидејќи ФК Виагем Усти Над Лабем е еден од најследените клубови во Чешка. Луѓето ме препознаваат во мојата земја и јас сум популарна водителка, но пријатно се изненадив што ова се прошири толку многу и надвор од нашите граници“, истакнала таа.

Дел од јавноста ја критикувал поради изборот на облека за време на интервјуто, но Јакшова не гледа проблем во тоа.

„Не мислам дека се облекувам провокативно. Овде, во Чешка, нормално е жената да облече убава облека и чевли со високи потпетици кога излегува и сака убаво да изгледа. Забавата е во сржта на нашиот маркетинг, а сè друго е изградено околу тоа. Во Виагем веруваме дека фудбалот е како шоу-бизнисот. Разбирам дека некои луѓе би се израдувале ако бидам повеќе покриена, но, од друга страна, би разочарала и многу луѓе“, изјавила таа.


Таа го пофалила и својот партнер, боксерскиот тренер Петар Петружалек, со кого има две деца.

„Мојот партнер Петар и моето семејство ми се огромна поддршка. Имаме прекрасна врска исполнета со љубов“, рекла таа.

Јакшова претходно открила дека клубот директно ѝ ја понудил работата како водителка.

„Раководството на клубот директно ме контактираше и ми даде понуда. Признавам дека бев истовремено среќна и изненадена. Размислував некое време, но на крајот си реков: ‘Зошто да не? Ќе пробам’. Сепак, немав искуство, па учев попатно“, рекла таа тогаш.