Ханси Флик за минатогодишниот стартер: Ситуацијата не е лесна, сега двајца играчи се пред него

Дерби

17/10/2026

11:03

567

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик директно го прозва Алехандро Балде и нагласи дека на ниту еден фудбалер позицијата не му е загарантирана во стартната постава уште за време на летниот преоден рок, па иако тоа звучеше како најава за трансфер, левиот бек реши да остане и да се бори за своето место.

Кога беше здрав, Балде беше сигурен стартер во Барселона во изминатите сезони, но ситуацијата се промени од стартот на 2026-та година, а за тоа допринесоа и повредите.

Ханси Флик во вториот дел од минатата сезона го користеше Жоао Кансело како лев бек, а од оваа му верува многу и на Чави Еспарт кој целосно го засени Балде.

Сето ова прави Балде да биде трета опција во Барселона, па јасно е дека ситуацијата не е воопшто идилична за некогашниот стартер.

-Во моментов ситуацијата не е лесна за Балде, но тој тренира добро. На таа позиција ги имаме Чави и Кансело – двајца врвни играчи кои играат на неверојатно ниво и кои се пред него во моментов. Тоа е сè што можам да кажам. Мило ми е што е така и што имаме добра конкуренција, иако ситуацијата не е идеална за Балде. Сепак, тој тренира добро, како вистински професионалец, а јас како тренер токму тоа сакам да продолжам да го гледам. Мораш да покажеш дека си подготвен во случај да ни затребаш, – изјави Флик пред мечот со Бетис во Ла Лига.