Шпанско финале во Шангај: Ходар го преслуша Медведев и закажа пресметка за трофеј со Фокина

Дерби

17/10/2026

16:04

200

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев и Данил Медведев уживаа фаворитски улоги во полуфиналињата на Мастерсот во Шангај, но двајца Шпанци се погрижија да не дојде до нивна нова пресметка на големата сцена и да гледаме завршница во која ќе гледаме борба за прв Мастерс трофеј.

Давидович Фокина направи пресврт и го победи Зверев со 2:1, додека помладиот Рафаел Ходар беше поубедлив и не му препушти ниту еден сет на Медведев.

Ходар наметна свој ритам уште од самиот старт на мечот и го доби првиот сет со 6:3, а веднаш по крајот на истиот, побара медицински тајм-аут.

Шпанецот изгледаше доста исцрпено во оваа фаза од мечот и му дозволи на Медведев да се разигра, но набрзо успеа да живне и со нов брејк ја врати предноста.

Ходар со 6:4 не дозволи компликации и полесно од очекувањата го победи Медведев, па сега во дуелот со сонародникот Фокина ќе се бори за најголема титула во кариерата, исто како што ќе биде случај и за Давидович.