[ВИДЕО] Интелигенција на друго ниво: Јокиќ со докторски потег ги воодушеви Американците

Дерби

17/10/2026

17:01

292

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ изведе неверојатно додавање од зад грб од половина терен во победата на неговиот Денвер Нагетс против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 121:106, а со тоа на најдобар можен начин го одбележа последниот натпревар во подготвителниот период во НБА лигата.

За време на завршната контролка која се одигра синоќа, Јокиќ прими топка во контранапад од Џамал Мареј во близина на центарот, а откако увиде дека еден одбранбен играч на Лејкерс е блиску до него, српскиот центар без воопшто да гледа испрати генијален пас од зад грб директно до новото засилување Тревон Брејзил.

Акцијата заврши со атрактивно забивање и тоа предизвика воздишки во салата, а магичниот потег на „Џокер“ веднаш стана вирален хит.

Официјалните профили на НБА лигата го споделуваат моментот и го толкуваат како потег на претсезоната, особено поради тоа што доаѓа во пресметка со силен противник како Лејкерс.

Јокиќ го заврши овој натпревар со учинок од 17 поени, 8 асистенции и 6 скокови за 31 минута помината на паркетот, додека Дончиќ на спротивната страна уфрли 15 поени.