Мартинез повторно се огласи и разјасни некои работи: Зборував од…

Дерби

15/10/2026

10:07

212

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед не успеа да оствари позитивен резултат против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, меѓутоа тоа беше само еден лош од лошата приказна во Мадрид затоа што дефанзивецот Лисандро Мартинез одлучи отворено да ја нападне управата поради недостаток на амбиции, инвестиции во летниот преоден рок.

Аргентинецот порача дека клубот требал подобро да се засили, да го надогради составот кој обезбеди ЛШ, но воедно упати и зборови кои дел од јавноста ги протолку како непочитување кон соиграчите.

Мартинез почувствува дека е потребно одново да се огласи, да разјасни некои работи, ама не се извини за кажаното, момент кој го потенцираат англиските медиуми.

-По сè што беше кажано за моите коментари вчера, сакам да споделам некои мисли за тоа што го кажав и како се чувствувам. По натпреварот, зборував од лутина и фрустрација што не го добивме резултатот што сите го сакавме.

-Оние што ме познаваат знаат како го живеам фудбалот, со страст, посветеност и огромна желба за победа. А кога работите не одат по наше, боли, особено кога претставувам клуб со историјата и статусот на Манчестер Јунајтед. Моите зборови го одразуваат тоа како се чувствувам и колку сакам да го видам овој клуб како се натпреварува за најголемите признанија. Тие високи стандарди се дел од тоа како го гледам фудбалот и одговорноста што доаѓа со носењето на овој дрес.

-Кога зборувам за желба за повеќе, зборувам за амбицијата што сите мора да ја имаме како дел од овој клуб. Да продолжиме да растеме, да станеме посилни и да имаме сè што ни е потребно за да се натпреваруваме на највисоко ниво. Ова се стандарди до кои сите мора да се држиме, почнувајќи од мене. Знам дека, пред сè, ние, играчите, сме тие што треба да испорачаме, и се ставам себеси на чело на таа одговорност. Треба да бараме уште повеќе од себе и да работиме заедно за да го вратиме Манчестер Јунајтед на врвот.

-Верувам во моите соиграчи, нашиот менаџер и сите што работат за да му помогнат на овој клуб да продолжи напред. Убеден сум дека патот напред е да продолжиме да работиме заедно, со амбиција и посветеност. Мојата цел е иста од првиот ден, да победувам, да се натпреварувам на највисоко ниво и да дадам сè што можам за оваа значка, -порача Аргентинецот.