Членот на унгарски Пик Сегед, Дмитро Хориха ќе може да настапува за македонската репрезентација во иднина, објави првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов.
Хориха до неодамна беше член на Вардар 1961, доби македонски пасош и се чекаше само зелено светло од ИХФ дека може да биде дел од нашата селекција, потврда која сега е добиена и левиот бек е нова опција за селекторот Кирил Лазаров.
-Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина“, истакна Стефанов.
Инаку Дмитро има 29 години, големо искуство, квалитет и може да биде перфектно засилување за Македонија со оглед на тоа што знаеме да бидеме тенки на бековската линија.
Тој од оваа сезона е дел од ПИК Сегед за кого има дадено 10 гола во ЛШ.








