[ВИДЕО] Меси намести гол за Интер Мајами, Илоски продолжи да решета во МЛС лигата

Дерби

15/10/2026

09:19

208

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами како полека да фаќа победнички ритам во МЛС лигата каде во рок од неколку дена забележа две победи и тоа без примен гол.

Минатиот викенд клубот од Флорида го суреди Ди-Си Јунајтед со 4-0, додека рано утрово славеше над Њујорк Сити со 2-0. Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци, но имаше значајна улога при двата погодоци на домашниот тим.


Стрелец на првиот гол беше Бертраме по фантастичната акција во која на крајот клучниот пас го даде Суарез. Во судиското продолжение на првиот дел Лео го пронајде Де Пол кој со одмерен удар ја затресе мрежата на гостите што на крајот се покажа и како конечен резутат на натпреварот.

Фудбалерот со македонски корени, Милан Илоски пак продолжува да решета и да блеска за Филаделфија во МЛС шампионатот. На четврти меч во низа тој стрелаше за својот тим, дојде до шестиот гол во овој период или вкупно 18 во сезоната со што е на третото место на листата на стрелци зад Муса и Меси кој сега му бега пет гола.


Ова се случи на дуелот со Чикако Фајр кој Филаделфија го реши во своја корист со 3-1 што за нив воедно беше осмо славје во низа.