Симеоне за асот кој беше на излезна врата од Атлетико: Потребен ни е, блиску е…

Дерби

14/10/2026

14:59

231

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид ја прокнижи првата победа во Лигата на шампини во оваа сезона, победа остварена над премиерлигашот Манчестер Јунајтед од 2-0.

Бариос во првиот и Лукман во вториот дел беа автори на погодоците вредни три бода за Атлетико кој севкупно гледано е во серија од пет триумфи откако загуби од Ливерпул на „Енфилд Роуд“ (2-1).

Меѓутоа еден од клучните играчи Хулијан Алварез никако не успева да проработи, играч кој сакаше да го напушти клубот во летниот преоден рок, играч за кого навивачите на Атлетико се уште имаат реакции.

-Она што го прават навивачите е поврзано со она што го даваат играчите, -истакна тренерот Диего Симеоне кој верува дека сонародникот се движи во посакуваниот правец.

-Тие сакаат да го видат најдоброто од играчите, а Хулијан го дава тоа. Тој имаше шанса да постигне гол. Тој се приближува до играчот што сакаме да го видиме. Потребен ни е, -порача Чоло.