Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано е играч кој ги спојува Рома и Реал Мадрид, два тима за кои настапуваше во кариерата, два тима кои вчеравечер се соочија во Лигата на шампионоте.
Токму поради ова Касано одработи интервју за шпански „АС“ каде отворено и во негов стил говореше на таа тема, но и да други актуелни прашања.
Антонио своевремено дојде во Реал како големо засилување, меѓутоа никогаш не ги оправда очекувањата и признава дека за тоа самиот е виновен.
-Не знам што мислев пред 20 години. Бев будала. Носев ужасна јакна и се облекував несоодветно за пригодата. Таков бев. Понекогаш правев глупави работи, особено во Мадрид. Апсолутно. Требаше да одам во затвор (се смее). Моето однесување беше ужасно. Сакав да јадам и да излегувам, а не да тренирам. Имав 10 килограми плус. Сето тоа беше моја вина, -вели Касано за кого Лео Меси е најголем во историјата.
-Тој игра на друго ниво. Никогаш немало некој како него во историјата на фудбалот. Тој е сè уште над сите на речиси 40 години. Тој е неспоредлив. Има многу добри играчи како Јамал, Рафиња или Родриго од Реал Мадрид, но Меси е далеку пред сите нив и сите оние што ќе дојдат по него, -истакна Италијанецот.








